МЕРМЕРЕН Комбинат АД Прилеп има потреба од ХИГИЕНИЧАР
ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:
ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА
Одржување на хигиената во работните канцеларии и простории во Мермерен Комбинат АД Прилеп - рудник Сивец
ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
- Тимски ориентирана личност,
- Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
- Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
- Професионалност во работењето.
ШТО НУДИМЕ:
- Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
- Конкурентен пакет за наградување
- Приватно здравствено осигурување
- Обезбеден превоз до работно место и топол оброк
- Спроведување на сите законски обврски предвидени во Законот за работните односи, како и други поволности
- Основна нето плата 27 765 денари (176 работни часа)
- Работно време 06:00 – 14:00
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “апликација за работно место “ ХИГИЕНИЧАР”.
Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место ХИГИЕНИЧАР ќе бидат избришани од нашата евиденција во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.