ОТВОРАМЕ НОВА ПРОДАВНИЦА ВО ОХРИД МОЛ!
Студио Модерна е компанијата зад добро познатите брендови Dormeo, Delimano, Top Shop и други успешни брендови кои повеќе од 30 години се дел од секојдневието на македонските потрошувачи.
По повод отворањето на новата продавница во Охрид Мол, бараме комуникативни и мотивирани личности кои сакаат да станат дел од нашиот продажен тим.
ПРОДАЖЕН АГЕНТ – ОХРИД МОЛ
Што ќе работиш?
- Ќе ги пречекуваш и услужуваш клиентите во продавницата
- Ќе ги презентираш нашите производи и ќе им помогнеш на клиентите да го направат вистинскиот избор
- Ќе градиш пријатна комуникација и доверба со клиентите
- Ќе се грижиш за уредноста и позитивната атмосфера во продавницата
- Ќе работиш со продажни цели и ќе придонесуваш кон резултатите на тимот
Што ти нудиме?
- Фиксна плата + бонуси според остварените резултати
- Можност за заработка до 50.000 денари и повеќе
- Платен минат труд
- Дупла дневница за работа во недела и на празник
- Целосно платена обука пред започнување со работа
- Можности за развој и напредување
- Работа во стабилна интернационална компанија
- Поддршка од искусен и посветен тим
Кого бараме?
- Комуникативни и позитивни личности кои сакаат работа со луѓе
- Одговорни и амбициозни луѓе со желба за постигнување резултати
- Тимски играчи кои сакаат да учат и да се развиваат
- Претходното работно искуство е предност, но не е услов – ние ќе те обучиме
Ако сакаш да бидеш меѓу првите членови на тимот во нашата нова продавница во Охрид Мол, испрати го твоето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или аплицирај тука.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.