Офис Плус ДООЕЛ

Продажен референт - RETAIL PARK Триангла - Маџари

Објавенпред 3 месеци
Активен до19.08.2026
ПозицијаПерсонал во продавница/Касиер
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаwww.officeplus.mk
За компанијата

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Поради отворање на нов малопродажен салон во новиот трговски центар Retail Триангла - Маџари , компанијата Офис Плус е во потрага по нови

Продажни референти – Retail Триангла - Маџари

Потребни квалификации:

  • ССС/ ВСС
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност
  • Познавање на англиски  јазик 
  • Одлично познавање на работа со компјутери

Одговорности и задачи:

  • Планирање и организирање на продажни активности
  • Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
  • Проверка на декларации и редење на производи
  • Изработка на потребна документација
  • Одржување на хигиена во продажното место

Вештини и способности:

  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
  • Одговорна, мотивирана и стабилна личност
  • Способност за индивидуална и тимска работа

Работно време Понеделник – Сабота 10.00 – 22.00 поделено во смени

Недела 10.00-20.00

По секои 40 часа  два дена се слободни.

Вашата Професионална Биографија (CV) можете да ја доставите на маил [најави се за да го видиш е-маилот]

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим.

Други активни огласи од Офис Плус ДООЕЛ

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе