Недцанн Северна Македонија

Хигиеничар/ка во култивација

Објавенпред 10 месеци
Активен до01.01.2026
ПозицијаХигиеничар
ЛокацијаОхрид
Веб-страницаhttps://nedcann.com

Опис на огласот

Компанија за производство на медицински канабис НЕДЦАНН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, со производствен погон во Охрид, објавува оглас за засилување на својот тим.

Работно место: Хигиеничар/ка во култивација

Главни одговорности:

  • Секојдневно чистење и дезинфекција на култивационите простории и опремата согласно SOP.
  • Миење, сушење и одржување на подови, ѕидови, површини и прибор во контакт со материјал.
  • Подготовка и правилно разредување на хемикалии за чистење; водење евиденција во логбук.
  • Спроведување на дневни, неделни и месечни планови за чистење со потпис на одговорно лице.
  • Пријавување оштетувања и потреба за дополнително чистење до супервизор/QA.
  • Асистенција при генерални чистења и почитување на биосигурносни мерки при движење меѓу зони.
  • Обезбедување чисти инструменти и работни површини пред активности со растенија.
  • Почитување безбедносни правила при работа со хемикалии и учество на редовни GMP/GACP обуки.

Барања:

  • Минимум завршено средно образование
  • Способност за работа во тим и следење на дадени упатства
  • Одговорност, дисциплина и внимание на детали
  • Подготвеност за работа во чисти и контролирани услови

Нудиме:

  • Работа во модерна и динамична средина
  • Обука според највисоки стандарди
  • Редовни месечни примања и стабилни услови за работа
Други активни огласи од Недцанн Северна Македонија

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе