ЛУНАР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје

Електроинженер - изведба и проектирање

Објавенпред 2 недели
Активен до22.10.2026
ПозицијаИнженер и технолог
ЛокацијаСкопје

Опис на огласот

Преземи го оригиналниот оглас

Оглас

ЛУНАР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје го проширува својот тим и бара електроинженер за изведба и проектирање.

Нашата компанија работи на проектирање, изведба и надзор на проекти со посебен фокус на фотоволтаични електрани (PV), системи за складирање енергија (BESS), нисконапонски и среднонапонски инсталации и електроенергетска инфраструктура. Нашата цел е да развиваме технички прецизни, сигурни и ефикасни решенија — од проектна документација до финална реализација и пуштање во работа.

Локација: Скопје, со теренска работа на проектни локации согласно потребите на проектите.

Работни задачи и одговорности

  • Следење, координација и контрола на изведбата на терен.
  • Изработка и доработка на електротехничка проектна документација.
  • Учество во изведба на фотоволтаични електрани, системи за складирање енергија и нисконапонски и среднонапонски системи, како и електроенергетска инфраструктура.
  • Подготовка на технички спецификации, предмери и друга техничка документација.
  • Координација со инвеститори, изведувачи и добавувачи.
  • Учество во техничка контрола, испитувања и пуштање на системите во работа.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование од областа на електротехниката.
  • Познавање на AutoCAD и MS Office.
  • Познавање на електроенергетски системи и разбирање на техничка и проектна документација.
  • Подготвеност за работа на терен.
  • Одговорност, организираност и способност за тимска работа.
  • Возачка дозвола од Б категорија.

Предност ќе имаат кандидатите со:

  • Искуство во изведба и/или проектирање на фотоволтаични електрани и системи за складирање на енергија.
  • Овластување за проектирање и/или изведба од категорија А или Б.
  • Подготвеност за теренска работа надвор од Скопје.

Што нудиме

  • Работа на домашни и меѓународни енергетски проекти.
  • Можност за професионален развој.
  • Практично искуство во проектирање и реализација на проекти.
  • Динамична и поддржувачка инженерска средина.
  • Конкурентни услови за работа и надоместок согласно искуството и квалификациите.

Како да аплицирате

Испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака во насловот на пораката: „Електроинженер за изведба и проектирање“.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе