За потребите на Позадинскиот оддел за кредитирање, ПРОФИ КРЕДИТ НМК ДООЕЛ објавува оглас за вработување на лице на позиција:
Двајца извршители на позиција Кредитен аналитичар - Дирекција Скопје
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Претходно работно искуство се смета за предност ( не е задолжително )
- Познавање на MS Excel и MS Word.
- Аналитички способности и внимание на детали
- Одговорност и способност за работа со доверливи податоци
- Да сакате да работите во динамична средина
- Да бидете комуникативна и одговорна личност, со желба за развој
Што ви нудиме:
- Работа со договор за вработување
- Месечни бонуси врз основа на постигнатиот резултат
- Можност за професионален развој
- Внатрешна обука базирана на најдобрите европски практики
- Регрес за годишен одмор (К -15)
- Конкурентна плата
- Фиксно работно време
Опис на работната позиција:
- Анализа на кредитната историја на клиентите
- Проценка на кредитната способност на клиентите
- Проверка на валидноста на доставените информации и документација
- Изготвување и проверка на потребната документација согласно интерните процедури
Кои сме ние:
ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија и Филипини.
Во Р.С Македонија, компанијата почнува со работа од Февруари 2023 година и се стреми да биде една од најдобрите финансиски компании.
Доколку ве заинтригиравме и сакате да станете дел од нашиот тим, ја чекаме Вашата биографија. Податоците испратени од вас ќе се разгледуваат и чуваат под строга доверливост во согласност со барањата на Законот за заштита на лични податоци. Успешните кандидати ќе бидат поканети на интервју.
Ве очекуваме...