Компанијата Раде Кончар - Контактори и релеи - Скопје има потреба од вработување на 1 кандидат за:
Оператор во одделение за површинска заштита на метали - галванизација.
Работни задачи:
- Подготовка и површинска заштита на делови со помош на полуавтоматска линија
- Потопување на метални делови во специјални кади каде има разни раствори (линија за хромирање, брунирање, цинковање и сл.)
Услуги кои што ги нуди нашиот погон
- Цинкување
- Анодна оксидација
- Фосфатирање
- Хемиско (безструјно) никлување
- Брунирање
- Тврдо хромирање
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено средно образование (предност е средно хемиско училиште);
- Кандидатот може да биде со или без работно искуство (предност е да има работно искуство).
Плата по договор.
Работното време се одвива од понеделник до петок, од 07.30-15.30 часот.
За горенаведената позиција потребно е да се испрати CV на e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] .