Толлакс

Продажен асистент - М1 киоск, локација Кам ретаил парк, Кисела Вода

Објавенпред 5 месеци
Активен до02.06.2026
ПозицијаПерсонал во продавница/Касиер
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаtollaks.mk
За компанијата

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

TОЛЛАКС ДОО Скопје, е една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет.

 

Поради отворање нов М1 Liquor shop во Кисела вода, со модерен концепт, дел од Kam Retail park, вработуваме посветени и амбициозни Продажни асистенти, со кои ќе ја стартуваме и градиме нашата нова успешна приказна

 

Потребни квалификации:

  • Искуство во работа во трговскиот сектор и малопродажба
  • Искуство во продажба на алкохол и алкохолни пијалоци ќе се смета за предност
  • Развиени комуникациски и продажни вештини
  • Амбициозност, професионалност и тимски дух
  • Проактивност и желба за стекнување  нови знаења од областа на  алкохолните пијалаци
  • Одговорност кон работните задачи и работното време
  • Флексибилност за работа во смени
  • Минимум образование ССС
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Работење со Microsoft office 

 

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата
  • Додаток за ноќна смена ( работно време до 03 часот по полноќ)
  • Дополнителна исплата за работа во недела и за  државни празници  + 100 %
  • Дополнителна исплата за верски празници + 50%
  • Бонуси од продажба
  • Платено колективно осигурување од незгода
  • Бонус за препорачан пријател за работа
  • Обука за продажба на алкохолни пијалаци
  • Посета на обуки во Винарии
  • Работа во динамична и пријатна работна атмосфера
  • Можност за кариерен раст
  • Учество во општествено одговорни практики

Нашата цел е да создадеме пријатно и професионално купувачко искуство, каде секој клиент ќе добие соодветен совет и услуга.

Доколку сакаш динамична работа, контакт со луѓе и можност да се развиваш во продажба и услуги, ова е одлична можност за тебе. 

Вашите апликации ги очекуваме на следниот маил   [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за нов М1 Liquor shop, Kam Retail par, Кисела вода.

За повеќе информации обрати се на 071/342 951

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе