Свемек ДОО

CNC оператор (глодалка/струг)

Плата: од 30.000 ден.
Објавенна 6.2024
Активен до21.06.2024
ПозицијаОператор во производство/машина
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаwww.svemek.mk
За компанијата

Свемек е производна компанија која се занимава со производство на машински делови, алат, како и услуги. Основната дејност на фирмата е глодање, стругање, сечење, дупчење на различни типови на материјали... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Должности и работни задачи:

•Познавање/читање на работилнички цртеж за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација

• Штелување и оперирање со CNC машина (глодалка или струг) за делови во сериско и поединечно производство според претходно изготвен NC програм. Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела и/или стегачки направи и позиционирање на координатниот почеток (нулирање) на парчето

• Следење на процесот при работа со машината. Контрола на деловите со мерна опрема и уредно водење на записи за мерките на деловите. Задавање на корекции на алатите

• Превентивно одржување и проверки на машините. Редовно одржување на чист, организиран и безбеден работен простор

• Браварска работа на машински делови. Основно познавање на работа со рачен алат и мануелни машини

 

Квалификација (степен и вид на образование):

•Средна стручна подготовка (во областа на машинството)

 

Што нудиме:

- Интерна и екстерна обука за работното место

- Работа во една смена

- Безбедна работна средина

- Колективен годишен одмор

- Прекувремена платена работа

- Бонуси за ненаправен шкарт

- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој

- Почетна плата: + 30,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот

- Кандидатите со минимално искуство во работата од 2 години ќе имаат предност пред останатите

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе