ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ

Економски директор

Објавенпред еден месец
Активен до07.10.2026
ПозицијаМенаџер/Директор
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаnikobmedical.mk/

Опис на огласот

ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ, посветена на обезбедување квалитетни здравствени услуги и континуиран развој, објавува оглас за вработување на позицијата:

ЕКОНОМСКИ ДИРЕКТОР

За нас

ПЗУ Никоб Медикал работи во динамична и регулирана средина, со фокус на квалитет и професионалност.

Во своето работење остварува соработка со државни институции, здравствени институции,  добавувачи и деловни партнери.

Главни одговорности

  • Соработка и комуникација со Министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување и други надлежни институции.
  • Следење на обврските кон добавувачи и побарувањата од клиенти и партнери.
  • Подготовка и следење на годишни буџети, финансиски планови и проекти.
  • Анализа и контрола на трошоците и предлагање мерки за оптимизација.
  • Координација со сметководство, финансии, набавки и други релевантни оддели.
  • Подготовка на финансиски извештаи и анализи за раководството.
  • Учество во планирање на набавки, инвестиции и развојни активности.

Потребни квалификации

  • Високо образование од областа на економија, финансии, сметководство или сродна област.
  • Релевантно работно искуство во финансии, економија, сметководство или на раководна позиција.
  • Напредно познавање на MS Office, особено Excel.
  • Познавање на странски јазици (Англиски јазик)
  • Познавање на релевантната законска регулатива поврзана со работење на ПЗУ.
  • Развиени аналитички, организациски, комуникациски и раководни способности.
  • Одговорност, прецизност, доверливост и способност за самостојно донесување одлуки.

Предност ќе имаат кандидатите со

  • Искуство во здравствен сектор или приватна здравствена установа минимум 2 години.
  • Искуство во раководење со тим.
  • Познавање на здравствениот систем и специфичностите на финансиското работење во здравството.
  • Искуство во соработка со ФЗО, приватни осигурителни компании и други институции во здравствениот сектор.

Нудиме

  • Одговорна и раководна позиција во професионална работна средина.
  • Конкурентни услови за работа и наградување согласно искуството и компетенциите.
  • Можност за професионален развој и унапредување.
  • Работа во стабилна и динамична организација.
  • Можност за учество во стратешки и развојни процеси на установата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе