За потребите на нашиот тим, бараме Менаџер на производство со искуство во пекарската индустрија, кој ќе биде одговорен за организација, координација и надзор на производниот процес.
Потребни квалификации и искуство:
- Работно искуство во пекара или производство на леб и бели печива
- Добро познавање на процесот на производство на леб и бели печива
- Искуство во организација и координација на производството и производен тим
- Одговорност, организираност и внимание на детали
- Способност за брзо решавање на проблеми и носење одлуки
- Не е задолжително кандидатот да биде прехранбен технолог, доколку поседува практично искуство и добро познавање на пекарското производство
Главни одговорности:
- Организација и секојдневен надзор на целокупниот процес на производство
- Следење на производниот процес од подготовка на суровини до финален производ
- Контрола и одржување на квалитетот и конзистентноста на финалните производи
- Следење на производните процедури и стандарди
- Навремено идентификување и решавање на проблеми
- Координација и организација на работата на вработените во производство
- Следење на потрошувачката и правилното користење на суровините
- Соработка со останатите сектори за непречено одвивање на производството
- Континуирано унапредување на производниот процес и квалитетот на производите
Нудиме:
- Стабилна работа во организирана компанија
- Конкурентна плата согласно искуството и одговорностите
- Можност за професионален развој и напредување
- Динамична работна средина и можност за работа во тим
Доколку имате практично искуство во пекарско производство и знаете како треба да изгледа добро организиран и квалитетен производствен процес, ве очекуваме да се приклучите на нашиот тим.
Адреса за аплицирање: [најави се за да го видиш е-маилот]
Тел: 070 227 820