Регионалниот телекомуникациски провајдер СофтНЕТ ЕУ Дооел Скопје има потреба од телекомуникациски инженер за продажба.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Целосно менаџирање на процесите во делот на директна продажба и пред-продажба, создавање на стратешки и долгорочен партнерски однос со клучни клиенти, како и планирање и исполнување на поставените компаниски цели преку реалзиирање на потребите на клиентите;
- B2B продажни активности со постоечките и нови корисници;
- Пронаоѓање и ефективно интегрирање на нови клиенти-корисници на продуктите од компаниското портфолио;
- Одржување на високо ниво на професионален партнерски однос и градење и негување на релациите на долг рок со клиeнтите;
- Менаџирање на целокупниот процес на подготовка, достава и следење на понудите кон корисниците, како и менаџирање со целокупниот преговарачки процес и условите за успешна соработка;
- Подготовка на извештаи;
- Подготовка на презентации и презентација на развиените производи;
- Следење на конкуренција.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование (ВСС - Електро ќе се смета за предност);
- Oдлично познавање на Excel, Word, Outlook;
- Лиценца Б и А за Изведба ќе се сметаат за предност.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични аналитички, комуникациски, презентациски и организаторски способности;
- Динамичност, ефективност и ефикасност;
- Самоиницијативност и креативност;
- Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето.
Вашето CV испратете го на [најави се за да го видиш е-маилот]