Ние сме Polyesterday, најкомплетниот принт центар во регионот. Позади најголем дел од излозите, брендираните возила или големите рекламни панели низ Македонија, стои нашиот тим.
Ако имаш „око за детали“ и сакаш динамична работа каде што финалниот резултат од твојот труд е веднаш видлив, имаме место за тебе!
Како ќе изгледа твојот работен ден:
- Подготовка: средување на печатените материјали пред тие да излезат на терен.
- Активна теренска работа: прецизно лепење и аплицирање на ПВЦ фолии на излози, возила и рекламни конструкции.
- Тимска акција: соработка и меѓусебна поддршка со колегите при секојдневните монтажи.
Што очекуваме од тебе:
- Имаш минимум средно образование.
- Имаш „мирна рака“, одговорен си кон задачите и сакаш да работиш во тим.
- Искуството во лепење фолии е голем плус, но најважна е желбата за работа. Ако си спремен да учиш, ние сме спремни да те научиме на „занаетот“!
Што ти нудиме ние:
- Работа во стабилна компанија со долгогодишно искуство.
- Обука и можност за професионален развој.
- Пријатна работна атмосфера и тимска поддршка.
- Колективно осигурување во случај на незгода.
- Работна униформа согласно работното место.
- Безбедни услови за работа според највисоки стандарди.
- Обезбеден превоз до работното место.
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.
Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на email адресата: hr@polyesterday.com.mk со наслов: “за работна позиција - Оператор за лепење фолии”.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk