Double Tree by Hilton Skopje

Собар/ка

Објавенпред 3 месеци
Активен до13.08.2026
ПозицијаХигиеничар
ЛокацијаСкопје
За компанијата

DoubleTree by Hilton Skopje е модерен хотел со 5 ѕвезди, сместен покрај реката Вардар, на само неколку минути од центарот на градот. Познат е по својот елегантен дизајн, врвна услуга и уникатно гостопримство... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворени позиции за Вас.

Станете дел од Хилтон во Скопје. DoubleTree by Hilton Skopje вработува:

Собар/ка

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум завршено средно образование
  • Претходно работно искуство  во хигиена или собарка
  • Познавање на англиски јазик​ ќе се смета за предност

ЛИЧЕН ПРОФИЛ:

  • Вредна и енергична личност
  • Љубезност и педантност, со позитивен став
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Способност за тимска работа и работа под притисок​

Компанијата нуди редовни месечни примања, сите додатоци на плата, топол оброк за сите вработени. Сите заинтересирани кандидати може да достават CV на следната адреса:
[најави се за да го видиш е-маилот]

Други активни огласи од Double Tree by Hilton Skopje

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе