ДМ ТРАНС

Комерцијалист / продавач на комерцијални возила

Објавенпред еден месец
Активен до02.10.2026
ПозицијаКомерцијалист/Агент
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttp://www.daf-macedonia.com.mk
За компанијата

ДМ Транс, е компанија која ги застапува брендовите на холандскиот производител на камиони DAF TRUCKS NV и германскиот производител на приколки KOGEL за територијата на Р Македонија. Мисијата на нашата... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Поради проширување на нашиот тим, бараме амбициозна, комуникативна и мотивирана личност за позицијата Комерцијалист / Продавач на комерцијални возила.

Работни задачи:

  • Активна продажба на комерцијални возила
  • Пронаоѓање и развивање на нови клиенти
  • Одржување на комуникација и односи со постоечки клиенти
  • Презентација на возила, опрема и продажни услови
  • Подготовка и следење на понуди и продажни договори
  • Следење на пазарот и конкуренцијата
  • Реализација на поставени продажни цели

Од кандидатот очекуваме:

  • Одлични комуникациски и преговарачки способности
  • Проактивност и ориентираност кон резултати
  • Одговорност, организираност и професионален однос
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Претходно искуство во продажба е предност
  • Искуство во продажба на возила или комерцијални возила е дополнителна предност

Нудиме:

  • Конкурентна фиксна плата + атрактивен бонус/провизија според остварена продажба
  • Работа во професионална и динамична средина
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Обука и поддршка за запознавање со производната програма
  • Можност за остварување на долгорочна кариера во компанијата

📩 Доколку сте комуникативна и амбициозна личност која сака продажба и автомобили, испратете ни CV на: е-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе