Credi Yes е компанија во областа на финансиското работење. Поради потребите на својата дејност потребен ни е Специјалист за корисничка поддршка во Филијала Кавадарци за советување на клиенти за потрошувачки кредити за подмирување на тековни долгови.
Соодветниот кандидат за оваа позиција треба да биде комуникативен, проактивен, одговорен и да пружа преку исклучителна услуга на клиентите.
Опис на работно место:
- Комуникација со клиенти на Credi Yes на шалтер во филијала и преку телефон
- Информирање на клиентите за нашиите услуги во филијала
- Собирање,класификации и примарна обработка на документи
- Конзистентно следење на обврските на клиентите
- Работа со готовина
Квалификации:
- Одлични комуникациски и организациски способности
- Флексибилен кандидат за работно време од понеделник до петок
Компанијата нуди:
- Конкурентска фиксна плата + бонуси засновани од постигнати резултати
Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, Ве молиме испратете ни детално CV со назнака за Специјалист за корисничка поддршка во филијала Кавадарци на нашата е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]