Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво. Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.200 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.
Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од работници на позицијата:
Одговорности и должности:
- Одржување, сервисирање и санација на електричната инсталација и електричната опрема во фабриката.
- Редовно и превентивно одржување на пневматската инсталација.
- Одржување и поправки на водоводната инсталација.
- Изведување на механички работи и интервенции според потребите на производниот процес.
- Континуирано одржување, проверка и сервисирање на сите машини во фабриката.
- Одржување и обезбедување техничка исправност на службените возила.
- Поддршка во одржување и поправки на објектот/зградата и неговата инфраструктура.
- Одржување, сервисирање и инсталација на работи од помал обем во фабриката вклучувајќи ги и машините.
- Опслужување на котелска постојка.
- Ставање во и вон функција на компресорот.
- Надзор при полнење на надворешниот подземен резервоар со нафта од страна на надворешниот добавувач.
- Управува со вилушкар и палетари.
Квалификации:
- IV степен на стручна подготовка (електро или машинкси техничар)
- Одговорна, иницијативна личност со изразена желба на припадност во тим.
- Дозвола за возење на вилушкар или Б – возачка дозвола
- Одговорна, иницијативна личност со изразена желба на припадност во тим.
- Личност подготвена да ги научи позициите на работа и нивни чекори
Бенефити:
- Приватно здравствено осигурување
- Организиран транспорт
- Лична заштитна опрема
- Топол оброк
- Изненадувања за роденден и други подароци
- Подарок за новороденче