ФИБЕРНЕТ М-К

Монтажер на телекомуникациска опрема

Плата: од 30.000 до 35.000 ден.
Објавенна 7.2025
Активен до17.07.2025
ПозицијаСервисери и монтери
ЛокацијаСкопје
Телефон+389 2 2403 100
Веб-страницаwww.fibernet.mk
За компанијата

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К е специјализирана... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

Тимот на ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица во областа на оператива, за работно место – МОНТАЖЕР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА.

МОНТАЖЕР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА ЗА СКОПЈЕ (СО РАБОТНО ИСКУСТВО) – ПЛАТА (ОД 30.000 ДО 35.000 ДЕНАРИ)

Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок и секоја втора сабота

Работни задачи:

  • Подготовка на инсталација и активирање услуги кај краен корисник со оптичка опрема

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Комуникациски вештини
  • Способност за самостојна и тимска работа

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV преку брза апликација или на следната емаил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе