СОЛУШОНЕЈД ДООЕЛ Скопје

Сениор Сметководител/ка

Објавенпред еден ден
Активен до05.11.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаСкопје
Телефон(+389) 78 476 749
Веб-страницаhttps://www.solutionade.net

Опис на огласот

Сениор Сметководител

Локација: Скопје (Хибриден модел на работа)

Бараме искусен и проактивен Сениор Сметководител/Финансиски Менаџер кој ќе биде одговорен за целокупното сметководствено и финансиско работење на компанијата. Позицијата вклучува водење на сметководството за една до четири компании, обезбедување усогласеност со законските прописи, подготовка на финансиски извештаи и активно учество во подобрување и дигитализација на финансиските процеси.

Лицето ќе работи во тим со Јуниор Финансиски Соработник, при што ќе има примарна одговорност за организација, контрола и навремено извршување на сите финансиски активности.

Главни одговорности

Сметководство и финансии

  • Целосно водење на сметководството за една до четири компании.
  • Подготовка и контрола на книжења, усогласувања и финансиски евиденции.
  • Изработка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.
  • Подготовка и контрола на даночни пријави и законски извештаи.
  • Следење и управување со обврски кон добавувачи и побарувања од клиенти.
  • Управување со банкарски трансакции и следење на паричните текови.
  • Учество во буџетирање, финансиско планирање и анализа.
  • Комуникација со банки, ревизори, даночни советници и државни институции.
  • Обезбедување усогласеност со важечките сметководствени, даночни и законски прописи.

Организација и водство на тим

  • Организирање и распределба на задачи во рамките на финансискиот тим.
  • Менторирање и професионален развој на Јуниор Финансиски Соработник.
  • Контрола на квалитетот и навременоста на финансиските активности.

ERP и подобрување на процеси

  • Активно користење и одржување на финансиските процеси во Microsoft Dynamics 365 Business Central.
  • Предлагање и имплементација на подобрувања и автоматизација на финансиските процеси.
  • Поддршка на интерните корисници за финансиски и сметководствени процеси во ERP системот.

Дополнителна предност (не е задолжително)

  • Подготовка и одржување на функционални демо презентации на Microsoft Dynamics 365 Business Central и Solutionade Localization за потенцијални клиенти, партнери и интерни потреби.
  • Учество во работилници, презентации и консултативни активности поврзани со финансиските процеси.

Потребни квалификации

  • Сертифициран Сметководител / Овластен Сметководител.
  • Високо образование од областа на економија, финансии или сметководство.
  • Минимум 5 години работно искуство во сметководство и финансии.
  • Одлично познавање на сметководствени стандарди, даночни прописи и финансиско известување.
  • Претходно искуство со ERP системи, особено Microsoft Dynamics NAV или Microsoft Dynamics 365 Business Central.
  • Искуство со Solutionade Localization за Business Central претставува значителна предност (За ова ќе следи тренинг).
  • Напредно познавање на Microsoft Excel.
  • Одлични аналитички и организациски способности.
  • Способност за самостојна работа и управување со повеќе активности истовремено.
  • Одлични комуникациски вештини.
  • Активно познавање на англиски јазик, писмено и усно.

Нудиме

  • Приватно здравствено осигурување.
  • Хибриден модел на работа.
  • SportMaster или FitKit пакет.
  • Можности за професионален развој, обуки и сертификации.
  • Работа во динамична и растечка компанија со меѓународни проекти.
  • Тим билдинг активности во земјата и странство.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе