ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на следнава работна позиција:
Сервисен техничар за UPS системи
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Инсталација, (commissioning) и конфигурирање на UPS системи;
- Редовно превентивно одржување и сервисирање на UPS опрема;
- Дијагностика и отстранување дефекти на UPS системи и придружна опрема;
- Замена на неисправни компоненти (батерии, модули, електронски плочи и сл.);
- Тестирање на функционалноста и сигурноста на системите по сервис или инсталација;
- Извршување проверки на батериски системи и нивната состојба;
- Подготовка на сервисни извештаи и водење техничка документација;
- Комуникација со клиенти и обезбедување техничка поддршка на лице место или од далечина;
- Почитување на безбедносните процедури при работа со електроенергетска опрема;
- Интервенции на терен по потреба.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Средно образование од областа на електротехника, енергетика или сродна техничка насока;
- Познавање на електрични системи, електроника и работа со мерна опрема;
- Искуство со UPS системи, батериски системи или електроенергетска опрема е предност;
- Способност за читање електрични шеми и техничка документација;
- Возачка дозвола Б категорија.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која што аплицираат.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.