Толлакс

Продажен асистент - М1 киоск - Скопјанка - 3 та смена

Објавенпред 5 месеци
Активен до04.06.2026
ПозицијаПерсонал во продавница/Касиер
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаtollaks.mk
За компанијата

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Толлакс ДОО Скопје е една од најуспешните малопродажни компании со 41 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1 киоск и Поло маркет.

Поради зголемен обем на работа вработуваме:

Продажен асистент за трета смена

Работно време : 20:00- 03:00 часот

Локација : Скопјанка

Потребни квалификации:

  • Искуство во работа во трговскиот сектор и малопродажба,
  • Искуство во продажба на алкохол и алкохолни пијалоци се смета за предност
  • Комуникативност, позитивност и поседување продажни вештини,
  • Лојалност, чесност и одговорност во работењето,
  • Минимум образование ССС
  • Познавање на англиски јазик

Ние нудиме:

  • Плата од над 30.000 денари  со вклучени бонуси и програми за стимулација на вработените
  • Бонуси од продажба,
  • Доплата за ноќен труд,
  • Дополнителна исплата за работа на верски празник,
  • Државни празници и недела се неработни,
  • Платено колективно осигурување од незгода,
  • Бонус за препорачан пријател за работа,
  • Избор за вработен на месецот,
  • Посета на винарии,
  • Обука за продажба на алкохолни пијалаци,
  • Обука за продажба на IQOS  уреди,
  • Можност за избор на продажно место во близина на местото на живеење
  • Можност за кариерен раст во рамки на компанијата,
  • Работа во динамична и позитивна работна атмосфера,
  • Учество во општествено одговорни практики,

Доколку ги исполнувате условите за работната позиција, сакате предизвици, прилагодливи сте и имате професионален пристап кон работата, аплицирајте преку полето брза апликација, или испратетете ја Вашата работна биографија на следниот маил: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за Продажен асистент за ноќна смена локација Скопјанка.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе