ВИА ФАУСТИНА ДООЕЛ Скопје

Техничар за нокти

Плата: 45.000 ден.
Објавенпред 3 недели
Активен до17.10.2026
ПозицијаПерсонал за нега и убавина
ЛокацијаСкопје

Опис на огласот

За нов, внимателно концепиран премиум Салон за Нокти во центарот на Скопје, на ул. Даме Груев бр. 5, бараме талентиран и искусен Техничар за Нокти / Маникирист-Педикирист која сака да биде дел од нова приказна уште од самиот почеток.

Создаваме простор посветен на квалитетна услуга, прецизна техника, естетика и прекрасно искуство за клиентите, со модерен и елегантен амбиент и професионални производи.

Што бараме:

  • Минимум 2 години работно искуство како nail technician / маникирист-педикирист
  • Одлично познавање и практично искуство со маникир и педикир
  • Гел лак – прецизна и долготрајна апликација
  • Гел / rubber base / builder техники
  • Надградба и корекција на нокти
  • Естетски педикир и педикир со гел лак
  • Одлична подготовка на природниот нокт и внимание на деталите
  • Прецизност, уредност и чувство за естетика
  • Одговорен и професионален однос кон клиентите
  • Желба за учење, усовршување и работа со нови професионални техники и производи
  • Способност за пријатна и професионална комуникација и работа во тим

Сертификат/диплома за маникир и педикир е предност.

Што нудиме:

  • Работа во нов, премиум и внимателно дизајниран салон
  • Пријатна, мирна и професионална работна атмосфера
  • Полно работно време – 40 часа неделно
  • 2 слободни дена во неделата
  • Плата 45000ден месечно, со можност за дополнителна заработка и напредување
  • Работа со професионални производи од реномирани брендови
  • Континуирана едукација и можности за професионално усовршување
  • Можност за учество во професионални обуки и тренинзи
  • Можност за долгорочен професионален развој во нов бренд и тим

Кого сакаме да запознаеме?

Бараме личност која го сака својот занает, има око за детали и разбира дека премиум услуга не е само убаво направен нокт, туку и начинот на кој клиентот се чувствува од моментот кога ќе влезе во салонот.

Ако си прецизна, вредна, уредна, љубезна и мотивирана да растеш професионално, би сакале да те запознаеме.

📍 Локација: ул. Даме Груев бр. 5, Скопје

📩 Заинтересираните кандидатки можат да испратат CV и/или instagram портфолио од својата работа на [најави се за да го видиш е-маилот] или да нè контактираат на 077698683

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе