Др.Несторовиќ открива зошто комарците бегаат

Еве како да се заштитите

Покрај тоа што иритираат, комарците се познати и како инсекти што пренесуваат инфекции. Најпознати во Европа и соседните земји се треската од Западен Нил, Чикунгунија и Денга. Доколку се прашувате зошто некои луѓе се повеќе изложени на убоди од останатите, за тоа постои причина.

 

Постојат едноставни, природни начини за отфрлање на комарците, како што е користење на витамин Б комплекс, особено витамин Б1, кој има мирис што ги одбива женските комарци кои боцкаат.

Несторовиќ споменува едно од нашите стари растенија – коприва и езоин. Чешањето е еден од најголемите проблеми. Но, ако се направат плускавци и красти, тогаш не вреди, а на ред е нов стар лек – цинк оксид – маст што ја нарекуваме маст од цинк и која може да се нанесува неколку пати на ден, бидејќи има антисептик и антиалергиско дејство.

Со какви производи ќе изненади Apple оваа есен?

Еве што да очекувате

Apple треба да го одржи својот следен голем хардверски настан оваа есен.  Нo уште не е откриен точен датум и не е јасно дали Apple ќе има еден или два настани. Ако се сеќавате, минатата година одржа два одделни настани, еден во средината на септември за iPhone 12, iPad Air и двата нови Apple Часовници и уште еден настан во почетокот на ноември за M1 MacBook Air, M1 MacBook Pro и M1 Mac mini - но знаеме дека Apple дефинитивно се подготвува да издаде куп нови производи. И тоа ќе се случи наскоро.

Еве што знаеме досега.

1. IPhone 13

2. Apple Watch Series 7

3.14-inch and 16-inch MacBook Pros

4. iPad mini (6th-Generation)

5.AirPods (3rd-Generation)

Тагови: Apple

Македонската каратистка Пулексенија Јовановска го оствари својот сон со освоено деветто место на олимписките игри.

Со освоени 23.80 поено во прво коло и 24.00 во второ коло, горда на себе што го постигна најдобриот личен резултат.


Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи,повреди, неправди.Презадоволна од се што дадов на татамите! Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на 9тата позиција. - објави Јовановска на својот фејзбук профил

10 000 денари за пожарникарите кои учествуваат во гаснењето на пожарите

Град Скопје ги наградува пожарникарите 👏

Градот Скопје им додели по 10.000 денари на 194 пожарникари кои со нивната пожртвуваност им помогнаа на жителите и сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево. 

Градот Скопје постојано вложува во опремување на противпожарната бригада преку набавување на опрема, нови специјални возила, зголемување на платата на пожарникарите како и зголемување на капацитетот на бригадата, односно бројот на вработени пожарникари, а планира да се распише конкурс за вработување на уште 20 пожарникари со што ќе се доближиме до европскиот стандард согласно кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители.