Обединето Кралство ги призна македонските возачки дозволи: Возење со нив во Англија, Велс, Шкотска

Од 20 мај доставувања на барања за наши државјани кои живеат таму

Обединетото Кралство ги признало македонските возачки дозволи, објави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Признавањето е врз основа на потпишан билатерален договор. Државјаните на Македонија кои престојуваат на територијата на Англија, Велс и Шкотска од 20 мај ќе можат да поднесат барање за замена на дозволите.

Можно е да има и седми пакет мерки

Многу скоро е можно да има нов пакет

Можно е да има и седми пакет мерки за помош на секторите кои се погодени од пандемијата. 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека следат што се случува во текстилот и во кожарскиот сектор. 

Императив ќе ни биде да излеземе од кризата со најмалку можни последици што значи да ги зачуваме сите работни места, но и да работиме да ги вратиме на пазарот на труд и тие кои ќе ги загубат своите работни места. Го спроведуваме петтиот пакет на економски мерки, а веќе излеговме и со шести. Ако е неопходни ќе следи и седми пакет за одредени дејности. Размислуваме, разговараме и гледаме можности дали и каков би требало да биде следниот пакет на поддршка, рече Битиќи. 

Претходно имаше помош за фирми, работници, естрадни уметници и многу други. 

Нема продолжување на породилното

Се разгледува можноста за зголемување на бројот на деца во градинките.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со претставнички на мајките кои се на породилно отсуство. На средбата се разговараше за состојбата за упис на децата во градинките, како и за потребата општините и директорите на градинките соодветно да го раководат процесот на прием на деца во градинките, за да се овозможи целосно искористување на капацитетите во градинките.

Шахпаска информираше дека Министерството за труд и социјална политика ја следи состојбата со пандемијата КОВИД-19 во градинките на дневно ниво. Анализата покажува дека сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот.

Врз основа на досегашните информации бројот на заболени деца од КОВИД 19 во нив е минимален и не бележи тенденција на раст.

Во однос на барањето за продолжување на породилното отсуство министерката Шахпаска информираше дека со оглед на стабилната состојба во градинките, како и поради фактот што вработените во градинките беа приоритетно вакцинирани, Министерството за труд и социјална политика достави писмено допис до Комисијата за заштита од заразни болести со кој предлага да се разгледа можноста за зголемување на бројот на деца во градинките.

Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба, во моментов е предвидено воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца, додека групите за децата од 2 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца.

Доколку биде прифатен нашиот предлог, образложи министерката, дополнително ќе се зголеми капацитетот на градинките, ќе можат да се примат повеќе деца, со што ќе се обезбеди грижа за децата особено во оние семејства каде што и двајцата родители работат или пак се самохрани родители.

Таа нагласи дека како ресорно Министерство во чија надлежност е грижата за најмладите, децата, креирање на политики кои значат обезбедување на услови и можности за што поголем опфат на деца во предучилишно воспитание и образование е врвен приоритет.

Тоа го потврдува и фактот дека за само седум месеци отворени се нови 11 градинки со опфат на нови 670 деца, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште 13 нови градинки со дополнителни 1408 места за деца од предучилишно образование во нив.

Колку вреди биткоинот денес?

Биткоинот постојано изненадува

Битокоинoт денеска вреди 55.169 долари.

Претходните викенди оваа криптовалута имаше вредност од 65.000 долари, а потоа падна на околу 55.000.  Етериумот се движи кон вредност од 3.300 долари. Од почетокот на годината, тој се искачи над 325 проценти, додека најголемата криптовалута, биткоин, доби 95 проценти. Големите придобивки на етериумот следеа кога побарувачката за втора најценета криптовалута нагло се зголеми. Во последните неколку недели биткоинот значително заостанува зад етерот во интензитетот на раст.