Како природно да го зголемите железото преку храна

Железото е еден од клучните минерали за нашето тело – учествува во создавање на хемоглобинот и транспорт на кислород во крвта

Железото е еден од клучните минерали за нашето тело – учествува во создавање на хемоглобинот и транспорт на кислород во крвта. Кога нивото на железо е ниско, можеме да почувствуваме замор, вртоглавици и намалена концентрација. Добрата вест е дека исхраната игра голема улога во регулирањето на железото.

Намирници богати со железо

Црвено месо (говедско, телешко, јагнешко)

Богат извор на хем-железо кое организмот лесно го апсорбира.

Риба и морски плодови

Туна, сардини, лосос и школки се одлични извори на железо и протеини.

Зелен лиснат зеленчук

Спанаќ, блитва и кељ содржат железо и дополнителни витамини корисни за крвта.

Мешунки

Леќа, грав, наут и грашок се растителни извори на железо, одлични за вегетаријанци и вегани.

Јаткасти плодови и семки

Бадеми, индиски ореви, семки од тиква и сончоглед – лесни за комбинирање како ужинка.

Суво овошје

Суви сливи, суво грозје и урми не само што се богати со железо, туку и со природни шеќери и влакна.

Регулирањето на ниското железо започнува од правилната исхрана. Вклучувајќи разновидни намирници богати со железо и комбинирајќи ги со витамин Ц, можете природно да го зголемите нивото на железо и да ја подобрите вашата енергија и здравје. Доколку симптомите се посериозни, секогаш е добро да се консултирате со лекар за дополнителни совети и анализа.

Тагови: вежбање здрава храна здравје ниско железо

Неработни денови и празници, но и зимски „режим“ - Што ни носи октомври?

Еден неработен ден и еден полу-продолжен викенд! Но, и ќе треба да ги поместиме стрелките на часовникот! 🍂⏰

Втор ден од новиот месец! Што ни носи октомври?

Октомври, носи два неработни дена за сите граѓани. Едниот се паѓа во сабота, другиот неработен ден ќе донесе полу-продолжен викенд. 

Денот на народното востание, 11 октомври, кој се паѓа во сабота ќе биде неработен ден, а следниот се паѓа во четврток што значи дека оние кои ќе успеат ќе можат да го поврзат во продолжен викенд. 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани. 

До крајот на годинава неработен ден за сите Македонци ќе биде и 8 Декември (понеделник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски”. 

Кон крајот на октомври ќе треба да ги поместиме и стрелките на часовникот. Доаѓа зимското сметање на времето! 

Зимското сметање на времето оваа година започнува ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25-ти и 26-ти октомври, кога во 3 часот наутро часовниците ќе се вратат еден час назад – на 2 часот. Она што е посебно за оваа година е што менувањето на часовникот се случува порано отколку во претходните години.

Тагови: неработни денови празници

ЖИЧНИЦАТА ОД ДЕНЕС СО НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ: Почнува есенскиот режим на работа

Ќе отвара во 10, а ќе затвара во 18 часот

Од денес жичницата ќе работи со есенско работно време од 10 до 18 часот. 


Од 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре во 17.45 часот е последно возење од горе надолу. Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот жичницата не работи поради редовни сервиси. Линијата 25 (Транспортен Центар - Средно Водно) од денеска (1.10.2025 год) ќе сообраќа по есенски режим на работа, информираа од ЈСП.

Тагови: Жичницата „Милениумски крст“ работно време

А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp

А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти A1 WayUp за 2025/2026 година

Со особена чест и задоволство, А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година.

Оваа програма, која годинава се одвива петта година по ред, претставува значаен мост помеѓу академското образование и професионалниот развој, овозможувајќи им на младите професионалци да стекнат бесценето практично искуство и да се усовршуваат во иновативна и предизвикувачка работна средина во А1 Македонија и во рамките на целата  А1 Телеком Австрија Групација.

Во текот на оваа сезона, вкупно 16 избрани учесници ќе ги развиваат своите експертизи во клучни и перспективни домени како што се автоматизацијата, анализа на податоци, виртуелизација, развој на платформи, инфраструктура и облачни технологии (Infrastructure & Cloud), сајбер безбедност, технолошки сервиси, ИКТ решенија и човечки ресурси, со што ги одговараат современите потреби на дигиталната трансформација.

„Многу сме задоволни од високата заинтересираност и квалитетот на кандидатите кои оваа година аплицираа за нашата програма. Ова не само што ја потврдува репутацијата на А1 Македонија како водечка компанија која нуди напредна, иновативна и стимулирачка работна средина, туку и како место каде што младите таленти можат да ги развијат своите способности и да создадат солидна основа за нивната понатамошна кариера. Новата генерација практиканти ќе има пристап до обуки од висок ранг и професионално менторство, со што ќе се обезбеди нивниот континуиран раст и усовршување“, изјави Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси и култура во А1 Македонија.

Програмата A1 WayUp е платена, трае шест месеци и е организирана како полно работно време, со јасна насока кон развој преку работа на реални, иновативни и стратешки проекти. Практикантите добиваат целосна поддршка од искусни ментори и тимови, како и сите бенефити и привилегии кои ги уживаат редовните вработени во компанијата во поглед на раст и развој. Дополнително, успешните учесници имаат и можност за вработување уште пред официјалниот крај на програмата, што ја потврдува посветеноста на А1 кон долгорочниот развој на талентите.

Оваа иницијатива е уште една потврда за стратешката визија на А1 Македонија, која континуирано вложува во создавање на инклузивна и динамична работна средина, со цел да го поттикне професионалниот развој и да ги подготви младите професионалци за предизвиците на иднината.

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје