Оператор во производство

Објавенпред 5 часа
Активен до09.12.2026
ПозицијаОператор во производство/машина
ЛокацијаСкопје
Телефон02 2461 106
Веб-страницаwww.radekoncar.com.mk
За компанијата

Повеќе од 70 години градиме компанија која цени знаење, напорна работа и посветеност. Со седиште во Скопје, Северна Македонија прераснавме во компанија која има светска мрежа на задоволни клиенти и клиенти... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Раде Кончар – Контактори и Релеи ДОО Скопје, компанија со долгогодишна традиција во производството на нисконапонска електро опрема, вработува одговорни и мотивирани кандидати за работното место Оператор во производство.

Главни одговорности:

  • Ракување со производствени машини, алати и опрема за склопување на електро компоненти;
  • Извршување на работни операции согласно технолошката документација и дневниот план за производство;
  • Визуелна и техничка контрола на квалитетот на изработените производи;
  • Одржување на уредноста и безбедноста на работното место;
  • Навремено пријавување на евентуални технички застои или отстапувања во процесот.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование (ССС) – предност имаат кандидати со електротехничко или машинско насочување;
  • Претходно работно искуство во производство или монтажа на електро/машински делови ќе се смета за предност, но не е задолжително (обезбедена е целосна обука);
  • Прецизност, мануелна спретност и посветеност на детали;
  • Одговорност и подготвеност за тимска работа.

Работно време од понеделник до петок, од 07.30-15.30 часот.

Плата по договор со можност за покачување и напредување во производниот процес.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе