(преземи го огласот како PDF)
12.05.2025
_______________________________________________________________________________________
Алајанс Уан Македонија АД, Кавадарци е консолидирана филијала на Алајанс Уан Интернешенал во состав на холдинг компанијата Пиксус Интернешенал со седиште во Морисвил, Северна Каролина, САД.
Алајанс Уан Македонија АД се занимава со откуп, обработка и промет на ориентален тутун во лист.
Една од главните цели на компанијата низ децениското присуство на македонскиот пазар е да го промовира квалитетниот македонски ориентален тутун како основна состојка на најпознатите светски брендови на цигари и други тутунски производи.
_______________________________________________________________________________________
Алајанс Уан Македонија АД, Кавадарци објавува оглас за вработување на определено време од 1 година со можност за продолжување на следното работно место:
Работно место: Сметководител
Бр. на извршители: 1
Краток опис на работните задачи:
- Води сметководствена евиденција.
- Изготвува периодични извештаи за тековните трошоци.
- Изготвува извештаи за релевантните државни институции.
- Учествува во изготвувањето на корпоративните периодични и годишни сметководствени извештаи.
Потребно образование:
- ВСС Економски науки: сметководство и ревизија, или сметководство и финансии и сл.
Работно искуство:
• Претходно работно искуство на позицијата сметководител, како и искуство со работа во САП апликацијата, ќе се сметаат за предност.
Потребни квалификации:
- Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Поседување на возачка дозвола од Б категорија
Вештини:
- Организациски способности
- Истакнати комуникациски вештини
- Фокус кон забележување на детали
- Тимска работа
Работното време изнесува 40 часа неделно од 8 до 16 часот
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат до:
Алајанс Уан Македонија АД
Западен булевар, 105
1430 Кавадарци
или со електронска пошта на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 31/05/2025.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на понатамошна постапка за селекција.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Алајанс Уан Македонија се стреми да го промени животот на луѓето и веруваме дека сите ние заеднички можеме да создадеме еден многу подобар свет. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим, преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Согласно законот за заштита на личните податоци, гарантираме дека вашите лични податоци ќе се користат само за целите на процесот на регрутирање и ќе се третираат со најголема доверливост. Со Вашата апликација, се согласувате за обработката на Вашите лични податоци.