РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ЛАБОРАНТ – ОПЕРАТОР
Се бара мотивирана, одговорна и организирана личност за проширување на нашиот тим на позицијата Лаборант – Оператор
Главни работни обврски:
- Извршување на теренски и лабораториски активности;
- Работа со лабораториска опрема;
- Координација и тимска работа со останатите членови на тимот.
Потребни квалификации:
- Средно образование;
- Возачка дозвола Б-категорија и активно возачко искуство;
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност, но не е задолжително;
- Прецизност, одговорност и организираност;
- Способност за самостојна и тимска работа;
- Желба за учење и професионален развој.
Што нудиме:
- Редовни месечни примања;
- Стабилна работна средина и можност за долгорочна соработка;
- Обука и воведување во работните процеси;
- Службено возило за извршување на работните задачи;
- Пријатна работна атмосфера;
- Можност за професионален развој и напредување.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате наведените услови, Ве покануваме да се пријавите и да станете дел од нашиот тим.