ПхармаС Лекови Дооел лого

Асистент за продажба и маркетинг

За компанијата: PharmaS е хрватска компанија за производство и продажба на фармацевтски производи основана кон крајот на 2008 година, а со RALU логистика, Favarger, LURA инвестиции и LURA недвижен имот, е една од фирмите-членки... повеќе за компанијата »

Позиција

Асистент за продажба и маркетинг во PharmaS

За потребите на претставништво на хрватската фармацевтска компанија PharmaS во Македонија бараме еден (1) Асистент за продажба и маркетинг (м/ж), за работа на определено/неопределено време.

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.

 

Одговорности:

  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
  • Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата PharmaS и производите
  • Поднесување на извештаи за извршените активности

 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (медицина, фармација, стоматологија, ветерина) или средно медицинско училиште
  • Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски и Хрватски/Српски јазик

 

Профил на идеалниот кандидат:

  • Место на живеење: Скопје
  • Ориентиран кон резултати
  • Посветен на работата и реализација на зададените цели
  • Добар слушател и комуникативен
  • Лојален и дискретен
  • Отворен и искрен
  • Тимски играч

 

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Можности за градење на кариера во успешна брзорастечка глобална компанија
  • Интересна и динамична работна средина со можност за напредување
  • Обуки и комплетни услови за успешно завршување на работните задачи
  • Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати  

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите резиме на македонски или на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, мотивациононо писмо како и уверение за завршено соодветно образование, најдоцна до 18.02.2022 година на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ве молиме без телефонски јавувања.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »