Продукт менаџер (Бела техника)

Објавенпред 3 месеци
Активен до31.08.2026
ПозицијаАналитичар
ЛокацијаСкопје
Телефон02/2656-737
Веб-страницаneptun.mk
За компанијата

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Нептун Македонија е во потрага по амбициозни, мотивирани, стратешки ориентирани кандидати за позицијата

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (Бела техника)

Продукт менаџерот ќе биде одговорен за собирање и анализирање на информации од пазарот на апарати од потрошувачка електроника, креирање на стратегија за производи, преговори со добавувачи и извршување на годишен план и исполнување на поставените цели за категоријата на производи, согласно очекувањата на клиентите. Менаџерот за управување со производи е директно одговорен за раководење со животниот циклус на производите, финасиските резултати, удел на пазарот, приходи, профит, продуктивност на залиха, услови и рокови за плаќање за доделениот сет на производи.

Идеалниот кандидат има пасија за техника, стратешко размислување, високо развиени преговарачки и аналитички вештини, способност за одредување приоритети и работа со временски рокови, како и иновативен и креативен пристап во одредување на маркетинг стратегијата.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование – економски, технички науки
  • Мин. 3 години искуство во набавка, продажба, управување со производи или друга слична област на работа
  • Темелно познавање на индустријата, малопродажба, технолошки и пазарни трендови
  • Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот
  • Способност за ефективна комуникација и преговарање
  • Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот
  • Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех

Што нудиме?

  • Атрактивен пакет на плата и бенефиции
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување

Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и сметате дека ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле, до 31.08.2026

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Други активни огласи од Нептун Македонија

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе