Месар со работно искуство

Објавенпред 5 часа
Активен до03.12.2026
ПозицијаКувар/Пекар/Месар
ЛокацијаСкопје
За компанијата

Месарница Гавриловски се занимава со продажба на свежо месо и месни производи. Посветени на квалитетот, свежината и професионалната услуга, со цел да се оправда довербата на потрошувачите. Негува одговорен пристап кон работата, тимска соработка и континуирано унапредување на услугите. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Месара Гавриловски има потреба од искусен месар за работа во својот продажен објект во Ново Село, Ѓорче Петров – Скопје.

Работни обврски

* Расекување, обработка и подготовка на свежо месо за продажба;
* Правилно складирање, изложување и ракување со месните производи;
* Услуга и професионална комуникација со потрошувачите;
* Одржување на хигиената и почитување на стандардите за безбедност на храната;
* Одговорно и навремено извршување на работните задачи.

Потребни квалификации

* Задолжително претходно работно искуство како месар;
* Познавање на техниките за расекување и обработка на месо;
* Самостојност, одговорност и прецизност во работењето;
* Комуникативност и способност за тимска работа.

Што нудиме?

* Плата по договор, во зависност од искуството и квалификациите;
* Работа во организирана и професионална средина;
* Можност за долгорочна соработка.

Работно време

* I смена: 08:00 – 15:00 часот
* II смена: 13:00 – 20:00 часот
* Сабота: 10:30 – 18:30 часот

Локација

Ново Село, Ѓорче Петров – Скопје.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку платформата Kariera.mk или да се јават на телефон 078 375 778 за дополнителни информации.

Станете дел од тимот на Месара Гавриловски!

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе