
- Објавен на 12.2021
- ОСА ДООЕЛ Скопје
- Активен до 22.12.2021
- Позиција: Обезбедување
- Локација: Скопје
Првата лиценцирана агенција за обезбедување на лица и имот на територијата на Република Северна Македонија „ОСА ДООЕЛ Скопје“ има потреба од кандидат на следната работна позиција:
РАБОТНИК ЗА ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО МОНИТОРИНГ ЦЕНТАР
на трговски центар (Skopje East Gate Mall), без искуство
Потребни квалификации:
- Завршено најмалку средно образование;
- Лиценца за физичко обезбедување;
- Психофизичка подготвеност;
- Способност за индивидуална работа и работа во тим,
- Познавање на работа со комјутери (Апликации и MS Office – Word и Excel),
- Способност за работа со куси рокови и под притисок.
Пожелни квалификации:
- Основно познавање на англиски јазик;
- Претходно искуство како работник за обезбедување;
- Претходно искуство како работник за обезбедување во мониторинг центар ќе се смета за предност.
Опис на работни обврски:
- Надгледување преку Видеоменаџмент систем на сите активности во трговскиот центар при влез/излез на посетители, вработени, МТС и возила;
- Надгледување преку Видеоменаџмент систем на безбедносната состојба и на почитувањето на јавниот ред и мир во трговскиот центар согласно правилата на однесување во објектот;
- Надгледување преку Видеоменаџмент систем на работата на физичко обезбедување при влез/излез на посетители, вработени, МТС и возила;
- Споделување на информации согласно со добиени известувања и соодветна навремена безбедносна реакција во случај на потреба;
- Следење и ракување со инсталирани безбедносни и сигурносни системи во Мониторинг центар на ниво на оператор;
- Документирање на настани и инциденти;
- Работа со радиоуреди;
- Работа во смени.
Компанијата нуди:
- Платата до 21.000 денари (во зависност од работната позиција и искуството);
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата;
- Динамична работна средина;
- Редовни месечни примања;
- Бонуси и награди за успешност.
Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] или исконтактирајте нé на телефон 075/203-803.
Останати огласи »