Агент за продажба со искуство - Скопје

Објавенпред еден ден
Активен до20.11.2026
ПозицијаКомерцијалист/Агент
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаwww.fibula.com.mk
За компанијата

Основана во 2000 год., Фибула Ер Травел брзо го постигна својот огромен успех во областа на туризмот како дел од големата меѓународна групација на Фибула Ер Травел со главно седиште во Анталија, Турција.... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Станете дел од тимот на Фибула Травел! ✈️

Бараме Агент за продажба со искуство во Скопје. Ако веќе продавате аранжмани и авиобилети, кај нас тоа го правите со посилен продукт и поголем тим зад себе.

 Одговорности:

  • Дизајнирање и продажба на туристички аранжмани, авиобилети и патничко осигурување
  • Обработка на барањата на клиентите — од прв контакт до потврдена резервација
  • Совети и информации за хотели, дестинации, визни услови и авиокомпании
  • Исполнување на индивидуалните цели за продажба и профит
  • Одржување на долгорочен однос со клиентите и враќање на постојните патници
  • Секојдневна координација со оперативата, тикетингот и маркетингот

Што очекуваме:

  • Минимум 3 години работа во туристичка агенција
  • Самостојна продажба на аранжмани, авиобилети и осигурување
  • Работа со резервациски систем
  • Познавање на македонски и англиски јазик (албански е предност)
  • Сигурно работење со компјутер и Office алатки

Што нудиме:

  • Позиција во водечка туристичка компанија со над 20 години на пазарот
  • Простор за брз напредок во кариерата
  • Чартер летови секој ден во неделата и продукт со постојана побарувачка
  • Тим зад вас — оперативата, тикетингот и маркетингот се тука кога ќе затреба

📩 Секое CV го читаме лично! Аплицирајте и започнете ново поглавје во туризмот.

📌 Прочитајте повеќе
https://www.fibula.mk/jobs/agent-za-prodazba-07092026

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе