БИОШОП ДООЕЛ Скопје лого

Специјалист за продажба - East Gate Mall

За компанијата:

Ние сме зелениот здив во градот, место каде што земјата шепоти и растенијата зборуваат на јазикот на природата. Мирисот на лаванда и рузмарин го обојува секој ден, вкусовите зреат природно, а секој... повеќе за компанијата »

Специјалист за продажба во Bioshop 🌿
Дали си личност која верува во здравиот начин на живот? Сакаш да помагаш на луѓето да го направат најдобриот избор за своето здравје и семејство?
 
Во Bioshop, нашата мисија е едноставна – да го снабдиме секој дом со природна и органска козметика, здрава храна и еколошки производи за хигиена. Сега, бараме нова енергична личност која ќе ни се придружи во оваа „зелена“ револуција!
 
🎯 Твоите одговорности ќе вклучуваат:
  •   Директна продажба: Комуникација со клиенти во нашата физичка локација и советување за најдобрите производи.
  •   Грижа за продавницата: Прием на роба, следење на залихите, грижа за уредувањето и хигиената на дуќанот.
  •   Поддршка за клиенти: Комуникација преку телефон, Viber и социјални мрежи
Што бараме?
  •   Минимално средно образование.
  •   Претходно искуство во продажба или социјални мрежи е добредојдено, но не е неопходно (најважна ни е твојата желба за учење!).
  •   Комуникативност, креативност и позитивен став.
  •   Интерес за органски производи и здрави навики.
💼 Што нудиме?
  •  Плата: 27.000 денари + платени работни часови во недела.
  •  Локација: East Gate Mall 
  •  Работно време: 40 часа неделно.
  •  Обука: Платена обука за производите и начинот на работа.
  •  Атмосфера: Пријатна, пријателска и поддржувачка средина каде има простор за напредок.
📩 Како да аплицираш?
Доколку се препозна во овој оглас, испрати го твоето CV со слика на [најави се за да го видиш е-маилот] .
 
Стани дел од приказната на Bioshop и помогни ни да го направиме светот поздравo место!

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »