Специјалист за ПР

Објавенпред 5 дена
Активен до04.12.2026
ПозицијаМаркетинг/ПР/Дигитал
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаwww.filigran.mk
За компанијата

„Филигран" доаѓа од вековната уметност на филигранство, техника на изработка која комбинира најпрецизна рачна работа со исклучително внимание на детали. Во светот на филигранот, сè мора да биде совршено... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Опис на работното место:

  • Планирање, развивање и имплементирање на ПР и комуникациски стратегии;
  • Креирање, спроведување и следење на комуникацискиот планот;
  • Активна комуникација и координација со тимот за развивање нови идеи и следење на тековни активности и настани;
  • Комуникација со медиуми, поединци и други организации, како и одговарање на нивни прашања и барања;
  • Истражување, подготовка, пишување и дистрибуција на соопштенија и други ПР материјали до целните медиуми;
  • Следење, собирање и анализа на медиумското покривање;
  • Пишување и уредување текстови за статии, списанија, говори, промотивни материјали и други комуникациски содржини;
  • Осмислување и координирање на фотографски и други визуелни содржини за потребите на активностите;
  • Управување со комуникацискиот и ПР аспектот во потенцијални кризни ситуации.

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на маркетингот, комуникациите или сродна област;
  • Најмалку 5 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Добро познавање на англискиот јазик;

Професионални знаења и способности

Од кандидатот очекуваме:

  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива;
  • Способност за работа под притисок и во динамична работна средина;
  • Конструктивен и проактивен пристап кон работните предизвици;
  • Одлични организациски способности и способност за ефикасно менаџирање на работните обврски;
  • Способност за поставување приоритети и почитување рокови;
  • Развиени комуникациски вештини;
  • Способност за тимска работа и успешна соработка со различни профили на луѓе.
 

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од Маркетинг агенција Филигран

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе