Во рамките на нашата компанија бараме Техничар за Квалитет и Контрола кој ќе се приклучи на нашиот професионален тим во Кратово.
Опис на работната позиција:
- Спроведување контрола на квалитетот во согласност со техничката документација и важечките стандарди
- Следење и проверка на процесите и изведените работи
- Подготовка и водење извештаи за контрола на квалитет
- Идентификување на отстапувања и предлагање корективни мерки
- Соработка со другите технички служби и надзор
- Почитување на интерните процедури и правилници за квалитет и безбедност
Потребни квалификации:
- Завршено средно или високо техничко образование
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Познавање на техничка документација и стандарди за квалитет
- Одговорност, прецизност и организираност
- Способност за тимска и самостојна работа
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.