П.И.К.Ко ДООЕЛ лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Магационер

За компанијата: П.И.К. Ко е водечки снабдувач на суровини и функционални додатоци за произвоство на храна, безалкохолни и алкохолни пијалоци, а истотака и за козметика, фармација, храна за животни, текстил, средства за... повеќе за компанијата »

Поради зголемен обем на работа, нашата компанија со седиште во Скопје, Горно Лисиче, има потреба од нов член на тимот на позицијата:

МАГАЦИОНЕР

Доколку сте одговорна, организирана и вредна личност која бара стабилно работно место и можност за долгорочен професионален развој, Ве покануваме да станете дел од нашиот тим.

Работни обврски:

  • Прием, истовар и соодветно сместување на производите во магацинот.
  • Квалитативна и квантитативна проверка на примената стока.
  • Подготовка на производите по нарачки, пакување и товарење за транспорт.
  • Одржување на ред, чистота и уредност во магацинските простории и опрема.
  • Ракување со магацинска опрема согласно работните процедури.
  • Извршување на други работни задачи по насока на одговорното лице.

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование (ССС).
  • Работно искуство ќе се смета за предност, но не е задолжително.
  • Способност за работа во тим.
  • Организираност и одговорност.
  • Самоиницијативност и флексибилност.
  • Позитивен став, чесност и посветеност кон работата.

Ние нудиме:

  • Работа во една смена (08:00 – 16:00 часот)
  • Конкурентна  плата со можност за зголемување по успешно завршување на пробниот период, согласно покажаните резултати и ангажман
  •  Стабилно работно место во успешна и растечка компанија
  • Позитивна работна атмосфера и поддршка од искусен тим
  • Можност за долгорочен ангажман и професионален развој
  • Обука и воведување во работниот процес

Начин на аплицирање:

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: „Апликација за позиција Магационер“

Придружете ни се и станете дел од тим кој расте и се развива!

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »