
Плата од 40.085 ден.
За компанијата:
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје е главното јавно претпријатие задолжено за организирање и извршување на градскиот и приградскиот автобyски превоз во главниот град на Македонија.... повеќе за компанијата »
ВОЗАЧ НА АВТОБУС ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ
За 30 (триесет) извршители
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование (IV степен);
- Флексибилност за работа во смени;
- Професионално однесување;
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има општа здравствена способност за работното место
- Возачка дозвола Д категорија;
- Работно искуство од минимум 2 години.
Работни услови:
- Работно време: 40 часа неделно;
- Работното време се организира во три, односно четири смени (двосменски и двократно) и директно зависи од возниот ред на соодветната линија;
- Пауза во зависност од возниот ред на секоја линија;
- Со право на бенефициран стаж
- Основна нето плата 40.085,00 денари
Со пријавите на огласот кандидатите треба да достават:
- Диплома за завршено образование;
- Копија од возачка дозвола Д категорија;
- Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
- Доказ дека има општа здравствена способност за работното место
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии и потребната документација можат да ги достават до Архивата на ЈСП Скопје.
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност да се обработувааат неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
Лицата ќе бидат ангажирани преку приватна агенција за вработување.
Слични огласи »