Иднината е тука. Приклучи се на екипата која ја претвара во реалност.
Мотиви за свој клиент вработува: ПРОЕКТЕН ИНЖЕНЕР ЗА АВТОМАТИЗАЦИЈА И РОБОТИКА
Бараме човек кој сака да работи, да учи и да се развива во светот на напредните технологии, автоматиката и интелигентните производствени системи – индустриски роботи, машинска визија, сензори и многу повеќе.
Не очекуваме да знаеш сè.
Очекуваме да имаш добра техничка основа, љубопитност и желба денес да научиш нешто што вчера не си го знаел.
ШТО ЌЕ РАБОТИШ?
- Ќе посетуваш производствени капацитети и ќе анализираш реални процеси;
- Ќе прибираш технички податоци, ќе го мериш расположливиот простор и ќе подготвуваш распоред на опремата;
- Ќе учествуваш во развој на роботски ќелии, транспортни системи и решенија за пакување и палетизирање;
- Ќе подготвуваш технички описи, спецификации, листи на опрема и технички делови од понуди;
- Ќе комуницираш и ќе се координираш со добавувачи, производители на опрема и надворешни соработници;
- Ќе ја следиш изработката и монтажата и ќе учествуваш во тестирањето и пуштањето на системите во работа;
- Ќе обезбедуваш техничка поддршка и ќе комуницираш со клиентите во текот на реализацијата на проектите.
Не очекуваме сето ова да го правиш самостојно од првиот ден. Тимскиот дух е важен дел од начинот на кој работиме – знаењето и одговорноста ги споделуваме, а секој член на тимот се вклучува во различните фази на проектите во согласност со своето знаење и искуство.
МОЖЕБИ ТОКМУ ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ АКО:
- Имаш завршено високо образование во областа на машинството, мехатрониката, електротехниката, автоматиката или сродна техничка област
- Познаваш најмалку една CAD-програма;
- Имаш основно разбирање на машински системи, пневматика, сензори и индустриска автоматика;
- Можеш да користиш техничка документација и да комуницираш на англиски јазик;
- Имаш возачка дозвола Б-категорија;
- Сакаш практична работа, терен и решавање проблеми кои немаат готово решение.
- Ако познаваш PLC-програмирање, роботика, vision системи или индустриски комуникации – одлично.
- Ако сè уште не ги знаеш сите овие работи, а навистина сакаш да ги научиш – сепак сакаме да те запознаеме.
ШТО НУДИМЕ?
- Практична роботика – работа со индустриски роботи и современи технологии во реални апликации;
- Обуки и комуникација со домашни и странски технички партнери;
- Можност да учествуваш во целиот развој на едно решение – од идеја до систем што работи во фабрика;
- Работа во средина во која учењето, експериментирањето и споделувањето знаење се дел од секојдневната работа;
- Простор за професионален развој;
- Фер плата и простор таа да расте заедно со тебе;
- Редовно вработување.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу.
Ќе го разгледаме секое CV и ќе одговориме на секој кандидат. Ако препознаеме дека можеме да работиме заедно – ќе те поканиме да се запознаеме.