GEOTEK dooel Skopje

Административен работник / инсталатер и сервисер на телекомуникациска опрема и безбедносни системи

Објавенпред 3 месеци
Активен до11.08.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttps://geotek.com.mk

Опис на огласот

ГЕОТЕК ДООЕЛ е компанија која дизајнира, инсталира и сервисира системи за интегрирана техничка заштита на лица, имот и комуникации. Присутна е на пазарот од 2006 година и поседува лиценци за работа согласно пропишаните закони и прописи во Р. Македонија. ГЕОТЕК има бројни референци во сите вертикали како што се : државни институции, министерства и агенции, банки и амбасади, компании за обезбедување, продавници и трговски центри итн.

Поради зголемениот обем на работни обврски, ГЕОТЕК објавува оглас за вработување на:

Административен работник и

Инсталатер и сервисер на телекомуникациска опрема и безбедносни системи

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование,
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција се смета за предност,
  • Познавање на англиски јазик (говорење и пишување) се смета за предност,
  • Познавање на работа со компјутери се смета за предност,
  • Познавање на алармни системи, видео надзор и друга безбедносна опрема се смета за предност,
  • Возачка дозвола Б категорија се смета за предност,

Компанијата нуди:

  • Постојана обука и едукација во професијата, можност за вработување и без работно искуство, 
  • Редовни месечни примања и К15,
  • Службено возило,
  • Работни денови од понеделник-петок, 8:00-16:00,
  • Платена сменска и работа надвор од Скопје,
  • Осигурување на лицето во времетраење на целото работно време,
  • За заинтересирани кандидати надвор од Скопје обезбедено е сместување и режиски трошоци.

За сите заинтересирани кандидати испратете CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  или контакт на 075/363-111

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе