Фондација „Трајче Мукаетов" конкурс за стипендирање

Објавенпред 8 часа
Активен до23.11.2026
ПозицијаФармацевт/Фармацевтски техничар
ЛокацијаСкопје
Телефон02/ 3104 - 122
Веб-страницаalkaloid.com.mk
За компанијата

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2026 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 усвоена на ден 05.11.2026 година објавува

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по фармација

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

  • Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
  • Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
  • Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • Молба
  • Кратко CV
  • Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

  • Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
  • Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
  • Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје
  • Документите се поднесуваат од 09.11.2026 година до 23.11.2026 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

  • Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет.
  • Висината на стипендијата ќе изнесува 7.350,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.

За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2026 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-28/1 усвоена на ден 05.11.2026 година објавува

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по медицина

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

  • Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
  • Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
  • Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • Молба
  • Кратко CV
  • Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

  • Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
  • Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
  • Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје
  • Документите се поднесуваат од 09.11.2026 година до 23.11.2026 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

  • Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. 
  • Висината на стипендијата ќе изнесува 7.350,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.

За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Други активни огласи од Алкалоид АД Скопје

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе