Правник

Објавенпред 6 часа
Активен до02.12.2026
ПозицијаПравник
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаtheheadhunter.com
За компанијата

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

The Headhunter, во име на својот клиент, реномирана и стабилна компанија која е дел од поголема деловна групација со активности во индустрискиот и енергетскиот сектор, бара искусен, одговорен и мотивиран професионалец за позицијата:

ПРАВНИК (LEGAL SPECIALIST)

Избраниот кандидат ќе биде одговорен за обезбедување сеопфатна правна поддршка на компанијата и поврзаните друштва во рамки на групацијата. Позицијата подразбира самостојно работење на разновидни правни прашања, со активно учество во секојдневните деловни активности, договорните односи и развојните проекти.

Главни работни задачи и одговорности:

  • Подготовка, анализа, преглед и усогласување на договори со домашни и меѓународни деловни партнери, добавувачи и клиенти.
  • Обезбедување континуирана правна поддршка во секојдневното работење на компаниите во рамки на групацијата.
  • Следење и толкување на законската регулатива и обезбедување усогласеност на деловните активности со важечките прописи.
  • Подготовка и ревизија на правни документи, одлуки, полномошна, интерни акти и друга корпоративна документација.
  • Правна поддршка при деловни трансакции, инвестиции, нови проекти и деловни иницијативи.
  • Советување и поддршка во прашања од областа на трговското, облигационото, трудовото и корпоративното право.
  • Следење на релевантната регулатива во енергетскиот сектор и поддршка во нејзината практична примена.
  • Комуникација и координација со адвокатски канцеларии, нотари, државни институции и други надворешни соработници.
  • Идентификување на потенцијални правни ризици и предлагање соодветни решенија за заштита на интересите на компанијата.

Потребни квалификации и искуство:

  • Завршено високо образование – Правен факултет.
  • Најмалку 3–5 години релевантно професионално искуство, пожелно во правен сектор на приватна компанија.
  • Солидно познавање на трговското, облигационото, трудовото и корпоративното право.
  • Познавање на корпоративната регулатива и интерес за развој во областа на енергетското право.
  • Искуство во подготовка, анализа и преговарање на деловни договори.
  • Способност за самостојно управување со различни правни прашања и поставување приоритети.
  • Добро познавање на англискиот јазик, особено во деловна и правна комуникација.
  • Добро познавање на MS Office пакетот.

Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат:

  • Искуство во поголеми компании, корпоративни системи или деловни групации.
  • Практично искуство со меѓународни договори и странски деловни партнери.
  • Познавање на правната регулатива поврзана со енергетиката, индустријата и инвестиционите проекти.
  • Искуство во обезбедување правна поддршка на повеќе поврзани правни субјекти.

Лични компетенции

  • Високо ниво на професионалност, интегритет и доверливост.
  • Аналитичко размислување и способност за практично решавање на правни предизвици.
  • Самостојност, иницијативност и одговорност во работењето.
  • Прецизност, организираност и внимание на детали.
  • Развиени комуникациски и преговарачки вештини.
  • Флексибилност и способност за работа во динамична деловна средина.

Што нуди нашиот клиент?

  • Стабилно и долгорочно вработување во реномирана деловна групација.
  • Можност за работа на разновидни правни прашања, деловни трансакции и развојни проекти.
  • Професионален развој и проширување на експертизата во корпоративното и енергетското право.
  • Динамична работна средина со можност за самостојност и активно учество во деловните процеси.
  • Конкурентни услови за вработување, согласно искуството и квалификациите на кандидатот.

Како да аплицирате?

Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за нов професионален предизвик, ве покануваме да ја доставите вашата професионална биографија преку официјалниот канал за аплицирање на The Headhunter.

Сите апликации ќе бидат разгледани со целосна доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе