
Алајанс Уан Македонија АД, Кавадарци нуди можност за вработување на следното работно место: Реонски инструктор за тутун.
Број на извршители: 3
Времетраење на работниот однос: На определено време од 1 (една) година со можност за продолжување
Работното време: 40 часа неделно од 8 до 16 часот.
Основната нето плата без додатоци и надоместоци: 18,700 ден.
Работни задачи:
- Спроведува програми за примена на добри земјоделски практики во сите фази на тутунопроизводството
- Ја следи состојбата на тутунот во сите фази на примарното производство и доставува соодветни извештаи
- Врши процена на суров тутун
Заинтересираните кандидати треба да достават своја кратка биографија (Curriculum Vitae) на следната адреса: Алајанс Уан МакедонијаЗападен булевар 105 1430 Кавадарци или со електронска пошта на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Апликации ќе се примаат заклучно со 17.02.2017 година, а кандидатите коишто ги задоволуваат критериумите ќе бидат вклучени во процесот на селекција.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Потребно образование:
- Најмалку диплома за завршено средно образование од областа на земјоделските науки.
- Диплома за завршено високо образование од областа на земјоделските науки ќе се смета за предност
Други квалификации:
- Лиценца за процена на тутун ќе се смета за предност
- Задолжително поседување на возачка дозвола од Б категорија
Други способности и вештини:
- Познавање на MS Office
- Познавање на англиски јазик
Работно искуство:
- Искуство поврзано со производство на тутун ќе се смета за предност
Останати огласи »