СУПЕРВИЗОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНА
СПИДЕР ГРУП ДООЕЛ Скопје, компанија специјализирана за професионално одржување на хигиена, го проширува својот тим и објавува оглас за вработување на:
СУПЕРВИЗОР / КООРДИНАТОР НА ТЕРЕН
Локација: Скопје
Работни задачи и одговорности:
- Организација, координација и контрола на вработените на повеќе работни локации.
- Редовна теренска контрола на квалитетот на извршените услуги.
- Подготовка и следење на работни распореди и евиденција на присуство.
- Контрола на потрошен материјал, средства и опрема за работа.
- Комуникација со клиенти и навремено решавање на оперативни предизвици.
- Обезбедување почитување на работните процедури и стандардите за квалитет.
- Редовно известување до раководството.
Потребни квалификации:
- Претходно искуство во организација и раководење со тимови.
- Одлични комуникациски и организациски способности.
- Одговорност, самостојност, професионалност и авторитет.
- Способност за брзо решавање проблеми и работа на терен.
- Основно познавање на MS Office (Excel, Word).
- Активна возачка дозвола Б-категорија.
- Искуство во областа на професионално одржување на хигиена ќе се смета за предност.
Што нудиме:
- Редовно вработување и стабилна работна средина.
- Редовна и конкурентна плата, согласно искуството и квалификациите.
- Службено возило за извршување на работните задачи.
- Поддршка од раководството и можност за професионален развој.
- Долгорочна соработка во компанија со развиена мрежа на клиенти.
АПЛИЦИРАЈТЕ!
Доколку сте организирана, одговорна и мотивирана личност со лидерски способности, ве покануваме да станете дел од нашиот тим.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]