КМГ ЕОЛ КВАЗАР лого

Електромонтери

За компанијата:

Нашата компанија КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата... повеќе за компанијата »

ОГЛАС за вработување на лица – Електромонтери  +  2 лица Општ Работник.  

Компанијата за проектирање и изведба на фотоволтаични централи и системи поради зголемен обем на работа КМГ ЕОЛ КВАЗАР - Скопје има потреба од вработување на два електромонтери + два општи работници на определено време (3 месеци).

ЗA НАС:

КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата на електрична енергија, помагаат и во заштитата на животната средина во борбата со климатските промени.

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

  • Фотоволтаични инсталации во деловни објекти и приватни имоти
  • Oсновно познавање и ракување со рачен и електричен алат 
  • Поправки и отклонување на дефекти и испитување на инсталации (Електромонтери)
  • Полагање на кабли и поврзување на опрема (Електромонтери)
  • Монтажа на панели, прекинувачи, приклучоци (Eлектромонтери)
  • Монтирање на разводни ормани и спојување на истите (Електромонтери)
  • Други електромонтажни работи (Електромонтери)
  • Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи
  • Работата вклучува и службени патувања

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Со или без работно искуство
  • Организираност, систематичност и темелност во работата
  • Навремено исполнување на обврските зададени по налог на претпоставениот
  • Кандидатот пожелно е да поседува возачка дозвола Б-категорија
  • Желба за тимска работа
  • Позитивен став и професионално однесување
  • Обврска за придржување кон безбедносните прописи и прописите поврзани со заштита при работа

ЛИЧНИ СПОСОБНОСТИ:

  • Внимание кон детали
  • Справување со конфликти
  • Флексибилност
  • Желба за надоградба и усовршување во областа

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното работно искуство, квалификации и вештини за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете го вашето CV на “ [најави се за да го видиш е-маилот] ”, со задолжителна назнака: “Апликација за Електромонтер” или „Апликација за Општ Работник“.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »