ПхармаС Лекови Дооел лого

Асистент за регистрациja на лекови, додатоци во исхрана и фармаковигиланца

За компанијата: PharmaS е хрватска компанија за производство и продажба на фармацевтски производи основана кон крајот на 2008 година, а со RALU логистика, Favarger, LURA инвестиции и LURA недвижен имот, е една од фирмите-членки... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Позиција: Асистент за регистрациja на лекови, додатоци во исхрана и фармаковигиланца во PharmaS

 

 За потребите на претставништвото на хрватската фармацевтска компанија PharmaS во Македонија бараме еден (1) Асистент за регистрациja на лекови, додатоци во исхрана и фармаковигиланца (м/ж), за работа на определено/неопределено време.

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.

Детален опис на задачите:

Регистрација на RX производи

• Подготовка на регистрациски досиеја прилагодени на локалната регулатива на пазарот

• Одржување на RX производите: анализа на првата серија по регистрација, пријавување на варијации, обновување на решенија и останати активности

• Контакт со соодветни регулаторни тела согласно потребите

Фармаковигиланца

• Одржување на системот за фармаковигиланца

• Следење и пријавување на појава на несакани дејства

• Спроведување на иницијални едукации и годишна обнова на знаење за фармаковигиланцизација на сите вработени

• Останати активности поврзани со фармаковигиланцата и квалитетот на лековите

Регистрација на додатоци во исхраната 

• Примање документација и прилагодување според локалната регулатива

• Одобрување на текстови за амбалажа

• Контакт лице со Агенција за храна и ветеринарство

• Одобрување на декларации, спецификации

Потребни квалификации:

·         Универзитетска диплома VII степен - фармација

·         Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите

·         Одлични организациски способности и вештини на планирање

·         Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски и Хрватски/Српски јазик

  • Претходно искуство во работа во регулаторни активности и фармаковигиланца

Профил на идеалниот кандидат:

·         Место на живеење: Скопје

·         Има работно искуство на иста или слична позиција

·         Има комуникации со регулаторните тела

·         Посветен на работата и реализација на зададените цели

·         Добар слушател и комуникативен

·         Лојален и дискретен

Компанијата ќе ви овозможи:

·         Можности за градење на кариерата во успешна мултинационална компанија која брзо расте

·         Интересна и динамична работна средина

·         Конкурентен паричен надоместок

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите резиме на македонски и на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, мотивациононо писмо како и уверение за завршено соодветно образование, најдоцна до 15.04.2023 година на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ве молиме без телефонски јавувања.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »