(преземи го огласот како слика)

ПЗУ Артистико Дентал Естетик – Скопје е современа стоматолошка ординација основана во 2024 година, зад која стои повеќе од 10-годишно професионално искуство во стоматологијата.
Во нашата работа применуваме современа технологија, квалитетни материјали и индивидуален пристап кон секој пациент. Посебно внимание посветуваме на професионалноста, довербата и континуираното усовршување и едукација на нашиот тим.
Веруваме дека квалитетната стоматологија започнува со добар тим, затоа градиме пријатна и професионална работна средина во која ги цениме знаењето, посветеноста, иницијативата и желбата за напредок.
Во моментов го прошируваме нашиот тим и бараме Доктор по општа стоматологија кој ги споделува нашите вредности и сака долгорочно да расте и да се развива заедно со нас.
Доколку сте доктор по стоматологија со желба за професионален развој, мотивираност и посветеност кон пациентите, можеби токму вие сте новиот член на нашиот тим. ✨
Што очекуваме од Вас:
- Завршен Стоматолошки факултет;
- Лиценца за работа;
- Работно искуство;
- Професионален и внимателен однос кон пациентите;
- Комуникациски вештини и способност за тимска работа;
- Мотивираност, одговорност и желба за професионален развој;
- Познавање на англиски јазик.
Што нудиме:
- Пријатна и професионална работна средина;
- Работа во современо опремена стоматолошка ординација;
- Можност за професионален развој и усовршување;
- Работа во смени;
- Редовни месечни примања и бонуси;
📍 Локација: ул. Ацо Шопов бр. 56А/1-3, Влае, Скопје
Доколку се препознавате во оваа можност, испратете ни го вашето CV на:
✉️ [најави се за да го видиш е-маилот]
📞 078 50 50 70