ПЗУ Општа Болница Еуроиталиа Скопје

Доктор по општа стоматологија

Објавенна 10.2023
Активен до31.10.2023
ПозицијаМедицински персонал/Негуватели
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttps://www.euroitalia.mk

Опис на огласот

Италијанска приватна здравствена установа Општа Болница Еуроиталиа – Скопје чиј примарен фокус на работа е европска грижа за вашето здравје – има потреба од проширување на својот тим на позиција: доктор по општа стоматологија.

Потребни квалификации:

  • Валидна лиценца за работа за OПШТА СТОМАТОЛОГИЈА од Лекарска комора на Македонија;
  • Работа со компјутери и познавање на MS Office;
  • Пожелно е познавање на „MyMouth“ програма;
  • Работно искуство од минимум 2 год.

Личен профил:

  • Лојалност, организираност и одговорност;
  • Темелност и флексибилност во работата;
  • Љубезност, учтивост и хуманост;
  • Способност за тимска/индивидуална работа.

Што нудиме?

  • Стабилна работа;
  • Плата по договор во согласност со способностите на избраниот кандидат;
  • Полно работно време од 40 часа неделно, само прва смена од 08:00 до 16:00 часот.

Сите апликации ќе бидат разгледувани со максимална доверливост.

Доколку сметате дека ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, Ве молиме да ја доставите Вашата кратка биографија (CV) на македонски јазик со назнака: за работна позиција доктор по општа стоматологија на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Напомена: 

Огласот е активен 15 работни дена од датумот на неговото објавување.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе