
За компанијата: Оаза Алкалоиди ДОО е со седиште во с.Таринци, општина Карбинци, Република Северна Македонија , и е компанија која се занимава со одгледување и обработка на медициснски канабис.Фабриката е направена според високи стандарди за квалитет,безбедност и функционалност.Нашата компанија е една од првите компании во Република Северна Македонија здобиена со одобрение за одгледување и екстракција на канабис.
Работно место: ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ ЗА ПОДДРШКА ПРИ СЛЕДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ ПРОЦЕСИ И ОДРЖУВАЊЕ
Работни задачи:
- Контрола и проверка на производствените податоци и листи за одржување;
- Дневно запишување и документирање на релевантни податоци;
- Спроведување и проверка на табели,извештаи и технички информации;
- Поддршка на главниот инженер во организациските задачи;
- Контрола на сервисни и одржувачки термини;
- Следење и преглед на состојбата во фабриката;
- Координација и комуникација со главниот инженер;
- Проверка дали производствените и сервисните планови се исполнуваат.
Потребни квалификации за работното место:
- ССС;
- Добро познавање на Microsoft Excel и Word;
- Сигурно работење со табели и документација;
- Основно техничко познавање;
- Организираност и прецизност во работата;
- Добро управување со време;
- Способност за внимателна контрола и спроведување на податоци.
Што нуди компанијата:
- Работно време претпладне од 07:00 до 15:00 , од Понеделник до Петок;
- Конкурентна плата;
- Здраво и безбедно опкружување;
- Исплата на регрес за годишен одмор и минат труд.
Слични огласи »