Елта 90 Молекуларна Медицина ДОО Скопје

Сервисер

Објавенпред еден месец
Активен до09.09.2026
ПозицијаСервисери и монтери
ЛокацијаСкопје
Телефон+3892 5117 017
Веб-страницаhttps://elta90mm.mk/
За компанијата

Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА ДОО Скопје (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, присутна на пазарот во Македонија од Април 2015 година е една од водечките компании во делот... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, е една од водечките компании во делот на продажбата на лабораториски потрошен материјал и опрема во повеќе области од медицината.

ЕЛТА 90 на ниво на групација е присутна во повеќе земји што овозможува чекор понапред во следењето на светски трендови од областа на: молекуларна биологија, микробиологија, биохемија, биотехнологија, патологија, ИВФ итн.

Во ЕЛТА 90 работи високо мотивиран и квалификуван кадар, со особено искуство во областа на својата професионална распределба, кои несебично го користат своето знаење во насока на пронаоѓање на соодветната медицинска опрема и идеални решенија за потребите на клиентите.

Поради зголемување на обемот на работа и проширување на тимот, има потреба од следната работна позиција:

Работна позиција: Сервисер

Одговорности и задачи:

  • Вршење сервиси и монтажи во рамките на компанијата.
  • Блиска соработка и координација со останатите колеги од одделот за продажба.
  • Директна комуникација со клиентите и организација на сервис;.
  • Подготовка на Статус извештај/Налог за извршен сервис монтажа.
  • Контрола на исправноста на опремата и нејзина комплетна функционалност.
  • Навремено отстранување на дефекти како и превземање на превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти.
  • Ракува со основни средства и останати уреди заради успешно вршење на работните задачи.
  • Управува со сервисни апарати и се грижи за нивната исправност.
  • Врши монтажа и демонтажа на опрема.

Потребни квалификации и вештини:

  • Една година искуство во сродна област ќе се смета за предност.
  • Познавање на инсталирање и ракување со медицинска опрема ќе се смета за предност.
  • Способност за рутинско одржување и отстранување на дефекти на опремата ќе се смета за предност.
  • Познавање на инструменти од областа на лабораториски инструменти ќе се смета за предност.
  • Искуство во водење евиденција за медицински набавки и одржување на опрема.
  • Тимска работа, самоиницијативност и превземање на одговорност.
  • Познавање на англиски јазик.

Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Одредено познавање на индустријата со која се занимава нашата фирма
  • Аналитичност во работата
  • Проактивност и самоиницијативност

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе